Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

KOMUNIKATË

Оваа објава е достапна и на: mkмакедонски

Ве известуваме дека врз основа на член 3 од Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2020 година бр. 09-9150/19 од 27.12.2019 година („Службен Гласник на Општина Куманово“ бр.16/2019), право на  субвенционирање на трошоци за комунални услуги, ќе можат да остварат лица кои имаат статус на:

Самохрани родители кои живеат на територија на општина Куманово (што подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности) и

Стечајни работници кои живеат на територија на општина Куманово и се евидентирани на соодветна Листа на здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1 од општина Куманово.

Барањата се подигаат од 01 до 17 Јануари 2020 година во канцеларија на втор спрат во зграда на  поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион и  со потребната документација се доставуват до aрхива на Општина Куманово.

 

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата самохрани родители

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

-Лична  карта;

-Телефонски број за контакт ;

-Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);

-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;

-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот   и носителот на сметка ;

-Извод од матична книга на умрени (доколку еден од родителите е починат);

-Доказ за причината поради која другиот родител не ги извршува родителските права и должности од оправдани причини, привремено или трајно или е исчезнат;

-Извод од матична книга на детето/децата;

-Доказ за материјална состојба – потврда од работа , АВРСМ ЦВ – Куманово, од ЈУМЦСР Куманово или чек од пензија (лична /семејна );

-Потврда за редовен  ученик /студент на детето/децата .

 

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата стечајни работници

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

– Лична карта;

– Телефонски број за контакт;

– Сметка од ЈП ,,Водовод“ Куманово (не постара од 3 месеци);

-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ Куманово (не постара од 3 месеци) ;

– Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;

– Потврда од АВРСМ ЦВ – Куманово за невработени лица;

– Потврда од УЈП за двајцата сопружници (ако едниот остварува било каков приход);

-Приходите на сопружниците не смеат да бидат повисоки од 14.500 денари.

 

 

                                                                                                Сектор за култура, спорт, социјална заштита,

                                                                                                   заштита на децата и здравствена заштита

 

 

 

Back to top
Големина на фонт
Боја на контраст