Конференција на тема “Волонтеризмот за социјална вклученост во мултикултурни општества”

Конференција на тема “Волонтеризмот за социјална вклученост во мултикултурни општества”


ЗГ Центар за меѓукултурен дијалог и ЕУ Инфо Точка при Општина Куманово на 11 мај 2011 (среда) организираa Конференција на тема “Волонтеризмот за социјална вклученост во мултикултурни општества” со почеток од 12:00-14:00 часот во Кружна сала во зградата на поранешен Комитет.

На конференцијата беше разговарано за можностите и значењето на волонтирањето. Учесниците на конференцијата беа претставници од ЕУ делегацијата од Скопје, претставници на најголемата меѓународна мрежа за волонтирање SCI, претствници од ЦМД Куманово и многу други гости.Конференцијата беше организирана во рамките на “Недела на Европа” 9-15 мај 2011, исполнета со низа на разновидни активности по повод прослава на Денот на Европа, од страна на Здружение Центар за меѓукултурен дијалог и ЕУ Инфо Точка при општина Куманово. Мото на овој настан е “Мисли Европски, делувај локално”.