Концерт на младиот тромбонист Филип Стевановски

Концерт на младиот тромбонист Филип Стевановски


Во рамките на Кумановско културно лето 2011 година, на 17 август (среда) во ноќниот клуб „Версај” (влез слободен), со почеток во 22:00 часот, за сите љубители на џез-музиката, ќе одржи концерт младиот тромбонист Филип Стевановски. Гости на концертот ќе бидат Маја Капсарова со вокал и бас гитара, Борислав Веселинов со алт и тенор саксофон, Филип Крстевски на тапани и Виктор Филиповски кој ќе биде задолжен за ударалките (конги, бонгоси, селски тапан, тарабука…). Младиот џез-музичар, Филип Стевановски, уште во раното детство покажувал афинитети кон музиката и уметноста. Како студент во класата на проф.Кирил