Концерт на победници на „Rock’n Pop the Borders„


На седми септември (недела) со почеток од 21.00 часот на Градски плоштад Куманово, ќе се одржи Голем рок спектакл на победниците на Rock’n Pop the Borders. На настанот ќе земат учество бендови од Бугарија и Македонија: Enkhaosment, After Midnight, Bunch Of Assholes, Chainsaw Babies- Бугарија, TV Rage, Vizija, Plug In, Problem Solved – Македонија. Гости на вечерта ке бидат: Рок Балет Денс студио МАК, Сашко Костов и Симеон Иванов Канго.

Rock’n Pop the Borders е заеднички проект на здруженијата „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово и „Партнери – Дупница” од Дупница, Бугарија. Проектот финасиски е поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија.

Главна  цел на прокетоте да се искористат досега неискористените културни ресурси од прекуграничниот регион преку заеднички развој и управување на одржлив формат за креативен прв настап, размена на идеи и натпревар помеѓу младите автори на рок и поп музика од прекуграничниот регион и програмските земји.