Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалниците од 30- тина општини од Македонија и Бугарија ќе ја развиваат прекуграничната соработка

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Асоцијацијата и администрациите на локалните самоуправи преку разни проекти подеднакво ќе работат на забрзување на одржливиот економски развој во прекуграничниот регион, на унапредување на социјалната интеракција како и на развивање и унапредување на квалитетот на животот во овие градови.

Повеќе од 30-тина градоначалници од Македонија и Бугарија ја одржаа првата работна средба на која беше основана Асоцијацијата на градови од Македонија и Бугарија. Целта на оваа асоцијација е воспоставување на побрза динамика во развивањето на прекуграничната соработка и интензивирање на истата. Иницијатори за создавање на Асоцијацијата се градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и градоначалникот на Ќустендил, а истата свое седиште ќе има во двата града.

Домаќинот на средбата, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, изјави: „Темата за прекугранична соработка е многупати експлоатирана но никогаш комплетно не е реализирана. Во сите овие градови постои толку многу потенцијал, имаме конструктивни идеи, желба и многу верба за заеднички да создадеме ефикасни мерки за економски развој но и за социјална кохезија. Овој чекор претставува заеднички интерес на градовите од двете земји и конкретно и фактички го охрабрува прекуграничниот хармоничен, избалансиран и одржлив развој“.

На првата работна средба на Асоцијацијата на градови од Македонија и Бугарија присутните градоначалници од градовите од двете страни на границата, ги искажаа своите очекувања и размислувања како би требало да се одвива оваа соработка, во која насока да се движи и како градовите да се насочат кон нови перспективи. Асоцијацијата и администрациите на локалните самоуправи преку разни проекти подеднакво ќе работат на забрзување на одржливиот економски развој во прекуграничниот регион, на унапредување на социјалната интеракција како и на развивање и унапредување на квалитетот на животот во овие градови.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст