КУД „Панче Пешев„ насатпи во Бугарија


unnamed

Од 18 до 27 овој месец Културно уметничко друштво настапи на Меѓународен фолклорен фестивал во Велико Трново, Бугарија. Според  Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител, друштвото ја претставило својата богата културно уметничка програма, преку игри, песни, како и македонската кујна. Посебен акцент бил ставен на сочуваната автентична носија.Играорците настапиле  и на Меѓународниот фолклорен фестивал во Разград и во Ласкоец каде беше одржан целодневен концерт. Освен претставници од Куманово, на фестивалот гостувале и ансамбли од Грузија, Египет,Индонезија, Колумбија,Индија,Мексико,Романија и Бугарија.