КУЛТУРАТА ВО КУМАНОВО НА ВИСОКО НИВО

КУЛТУРАТА ВО КУМАНОВО НА ВИСОКО НИВО


Покрај другите точки на дневниот ред на шеесет и петата седница на советот на Oпштина Kуманово беше и извештај за 2011 година на Фондацијата за културa и спорт,како и Годишна Програма за 2012. Директорот на фондацијата Нино Величковски, смета дека оваа фондација успешно ги реализирала културните настани што биле предвидени со програмата, а што советниците ја изгласале мината година. Според него досега се реализирани 75 проценти од вкупната програма, што претставува голем успех.Во Куманово доаѓаат музички ѕвезди за многу пониски цени од реалните, бидејќи контактиравме директно со нив, а не преку нивните менаџери. Советот на Општина Куманово ја има изгласано и одлуката за одржување на Празијада, Чваркаријада и другите слични манифестации.Оваа година Куманово е добитник на престижната награда во Париз, како резултат на богатта културна програма што,оваа општина ја има.