Куманово домаќин на Меѓународна асоцијација на Градови – Носители на порака за мир


Денеска во Куманово започна Меѓународна асоцијација на Градови – Носители на порака за мир. Куманово домаѓин на настанот ќе биде од 29.10.2015 – 31.10.2015г. Учесници на асамблеата се делегации од Брајтон (Велика Британија), Крагуевац (Србија),Морфу (Кипар),Плонск(Полска),Словен Градец (Словенија),Зуриег (Малта). Котор(Црна Гора), Велун(Полска) и Струмица. Главна темата на оваа асамблеа е мигранската криза која е присутна секаде низ светот. Градоначалникот Зоран Дамјановски на Состанокот на Извршниот одбор на организацијата, на членовите им посака пријатно добредојде и успешно завршување на работните сесии. По завршувањето на работниот дел од денот, гостите ги посетија Градскиот Музеј, Црквата СВ. Никола, Градскиот затворен Базен и Градскиот Кеј. Потоа сите заедно во Галерија  присуствуваа на Изложбата на карикатури од Музејот на  Крагуевац.