Општина Куманово домаќин на Општина Карпош

Општина Куманово домаќин на Општина Карпош


Во еднодневна работна посета на општина Куманово беше општина Карпош. Целта на ваквата посета е размена на искуства меѓу двете општини во областа на урбанизам, легализација на безправно изградените објекти, условите во основните и средните училиштата, градинките и јавни претпријатија.Посебен акцент се стави на гасификацијата во градот. Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека Куманово е лидер во државата во оваа област и веќе се гасифицирани дванаесет јавни објекти , а се очекува да започне гасификација и на приватните објекти. Ваквиот пример ќе го следи и Општина Карпош, чии претставници од администрацијата ги посетија дел од гасифицираните институции во градот. Меѓусебната соработка меѓу двете општини ќе продолжи и во иднина.