Куманово се гради –Реконструкција на улица „29 Ноември„

Куманово се гради –Реконструкција на улица „29 Ноември„


Во должина од 156 метри се реконструира улицата „29 Ноември„. Тоа е делот од улицата „Димитар Влахов„, до улица „Питу Гули„. Вредноста на работите изнесува еден милион и шестотини илјади денари. Поставен е нов тампонски матерјал и останува уште да се асфалтира коловозната конструкција во површина од 900 квадрати и дел од троатоарна конструкција од 150 квадрати. Поставувени се и нови бетонски рабници.