Сектор за администрирање на приходи, стратешко планирање, локален економски развој (ЛЕР) и информатичка технологија


Раководител: Зоран Павловски

e-mail:[email protected]

Секторот за администрирањенаприходи, стратешко планирање, локален економски развој (ЛЕР) и  информатичка технологија ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за администрирање на приходи, Одделението за стратешко планирање, Локален Економски Развој (ЛЕР) и информатичка технологија кои се во негов состав:


Одделенија:

– Одделение за администрирање на приходи

Одделението за администрирање на приходи ги врши работите што се однесуваат на: следење и применување на прописите што се однесуваат на утврдување на данокот на промет, недвижности и права и данок на наследство и подарок, комунална такса, облог на данок на имот, изготвува список со капацитети на даноци и такси, врши администрирање на приходите на Општината, врши прием на даночни пријави и други поднесоци од даночните обврзници и нивен регистар, врши присилна наплата на даночен долг, парична казна и камата, попис, проценка и регистар на имотот и врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за стратешко планирање

Одделението за стратешко планирање ќе изготвува стратешки документи (стратешки план за општина или за поединечни сектори, акциони планови и развојни планови) следење и нивна импламентација, мониторинг, евалуација и ревидирање и усогласување на постоечките планови со регинални, национални и меѓународни стратешки документи. Одделението ќе остварува соработка со невладини, хуманитарни и други организации, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за локален економски развој (ЛЕР)

Одделението за ЛЕР ги утврдува развојните и структурните приоритети на општината Куманово, предлага мерки и активности за спроведување на локалната економска политика. Предлага и превзема мерки за подржување на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на општината. Чествува во воспоставување и развој на локалната мрежа на институции и агенции за промовирање на партнерството и за поттикнување на претприемништвото во општината. Превзема мерки и активности за поттикнување на развојот на занаетчиството, угостителството, туризмот и трговијата на подрачјето на општината. Превезема мерки и активности за основање и користење на општински инвестиционен фонд  за собирање средства за финансирање на општинските инвестициски активности. Ги координира активнотисте околку добивањето и насочување на донации за развојни цели. Ги испитува можностите и ги превзема потребните мерки и активности за основање јавни служби во општината. Го формира и унапредува едношалтерскиот систем за задоволување на потребите на претприемачите и врши други работи што ќе му се доверат согласно законите и другите прописи и работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за информатичка технологија

Оддеелението за информатичка технологија врши работи мрежно поврзување на сектори и одделенија, одржувањена постоечќата информатичка структура и компјутерски системи, администрирање и ажурирање на веб страната на општината и импламентација и употреба на нови информатички модули, администрирање на софтверот и грижа за одржување и развој на информатичката технологија за потребите на општината, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.