Ликовна колонија “Куманово – 2014”


Во понеделник (19.08.2014г.) во Меморијалниот центар АСНОМ во ц. Пелинце ќе се одржи 40 –тото издание на ликовната колонија „Куманово 2014″, во организација на НУ Музеј – Куманово, Градоначалникот Зоран Дамјановски и Советот на Општина Куманово.

Оваа година, на ликовната колонија ќе учествуваат седумнаесет уметници од земјата и регионот. Од Македонија,  наликовнатаколонија ”Куманово 2014”, учество ќе земат признаените уметници Рубенс Корубин, МирјанаКрстева -Массетти, Ване Костуранов, Александар Симоновиќ и Мирослава Цветковиќ, додека останатите учесници се од Србија, Бугарија и Црна Гора. Колонијата ќе трае до 28 август и ќе биде отворена за сите посетители и љубители на уметноста.