Ликовна колонија „Куманово 2015„


Во меморијалниот центар Пелинце се одржа четириесет и првата ликовна колонија „Куманово„ во организација на Општина Куманово и Музеј Куманово. Уметниците од земјата и од странство изработија околу петнаесет уметнички дела кои ќе бидат излозени по повод ден на Градот. Градоначалникот Зоран Дамјановски им се заблагодари на учесниците и ја прогласи манифестацијата за затворена.