Манифестација „Денови на мед 2014година„


Денес  Градоначалникот Зоран Дамјановски ја отвори петтаесетата по ред манифестација „Денови на мед„.

Манифестација ја организираме по петнаесетти пат и  во наредните денови Куманово ќе живее во духот на медот и медните производи. Локалната самоуправа веќе десетта година по ред се јавува како покровител на овој настан, и тука сакам да ја истакнам важноста за туристичко – стопанската карта на Куманово и околните општини, изјави Дамјановски. 

На градскиот плоштад , во наредните три дена пчеларите ќе го изложат годинешното производство на мед и пчелните производи.   Оваа година свои производи истакнаа тринаесет  производители на мед од градот и околните општини. Исто така своја поставка имаа и учениците од СДУ ”Киро Бурназ” кои не беа вклучени во продажбата, но имаа за цел да ги  промовираат своите производи.