Министерот Невзет Бејта во посета на Куманово

Министерот Невзет Бејта во посета на Куманово


Миниатерот за локална самоуправа Невзет Бејта, престојуваше во работна посета на општина Куманово.Со градоначалникот Зоран Дамјановски разговараа за процесот на децентрализација, рамномерниот регионален развој, проектите на кои работи североисточниот плански регион, како и проблемите со кои се соочува општината. Посебен акцент се стави на ИПА 2 програмата за прекугранична соработка со Косово и за процедурата за отворање технички секретаријат кој ќе игра важна улога во користењето на средства од таа програма.Во врска со децентрализацијата, министерот истакна дека таа е столб за демократските процеси и е неопходна за успешен развој на општината.