Надлежности


–          Ја претставува и застапува општината;

–          Ја контролира законитоста на прописите на Советот;

–          Ги објавува прописите на Советот во службено гласило на Општината;

–          Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;

–          Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;

–          Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот;

–          Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на Општината;

–          Го извршува буџетот на општината;

–          Избира директори на јавните служби кои ги основала Општината, врз основа на јавен конкурс;

–          Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;

–          Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;

–          Донесува правилник за систематизација за работните места на општинската администрација;

–          Раководи со општинската администрација;

–          Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;

–          Обезбедува правилно и законито користење, оддржување и заштита за сопственоста на Општината, во согласност со закон и статутот и

–          Градоначалникот може да овласти раководен службеник на Општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.