Награда за КУД "Панче Пешев"

Награда за КУД "Панче Пешев"


Градоначалникот на Општина Куманово ја прими наградата што културно уметничкото друштво “Панче Пешев” ја доби за учество на фестивалот во Турција. Оваа награда културно уметничкото друштво ја доби неодамна и одлучи во знак на благодарност и како симбол за успех на градот на полето на културата и уметноста да ја врачи на градоначалникот. “Куманово по развојот на својата култура станува познат во Европа и пошироко. Оваа награда е само уште еден доказ за нашите културни достигнувања и поттик за уште поголем културен развој” – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.