Награда за култура од Париз

Награда за култура од Париз


Од единаесетии до тринаесети мај делегација од Куманово предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски, ќе претстојува во Париз, каде ќе ја прими нагрдата „See a Paris„ за посебен развој на култура во Југо-Источна Европа. Според градоначалникот, со оваа награда Куманово ќе се етаблира на картата како една од позначајните културни точки. Овој фестивал се одржува по втор пат и има за цел да ги зближи земјите од Југо-Источна Европа. Во француската престолнина, градоначалникот ќе престојува со осум члена делегација меѓу кои и Нино Величковски и Кумановските тамбураши кои ќе го презентираат македонскиот фолклор и кумановската мелоритмика.Куманово е прва општина во овој дел на Европа со вакво признание.