Настава во природа во Пелинце

Настава во природа во Пелинце


Студентите од групата на Професорот Зоран Јакимовски една недела творат во меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце. Оваа е настава во природа, каде студентите ги создаваат своите дела. Дел од сликите, кој се инспирација од преубавата природа во тој крај, ќе останат изложени во меморијалниот центар, а другите ќе бидат задржани на нивниот факултет. Професорот Јакимовски е задоволен од работата на своите студенти, и истакна дека општина Куманово секогаш дава подршка при развојот на образованието и создавање на нови уметнички дела.