Назначени директори на јавните претпријатија и установи


Денеска од страна на Градоначалникот Зоран Дамјановски им беа врачени решенија на Директорите на четири јавни претпријатија и една јавна установа во градот.Градинка „Ангел Шајче„ – Марина Алексовска,ЈП „Куманово – Гас„ – Драган Петровски,ЈП „Пазаришта„ – Илир Саити,ЈП „Чистота и Зеленило„– Сашо Петрушевски,ЈП „Куманово Паркинг„ – Фадиљ Шабани. Менаџерските договори на директорите траат по четири години.Во присуство на претставници на општинската администрација, Градоначалникот Дамјановски истакна дека соработката со овие директори е на високо ниво и се надева дека и во иднина ќе продолжи , со што овие менаџери ќе допринесат за уште поголема успешност во работата на овие претпријатија.