Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишан Договор за партнерство со Банско (Бугарија)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Делегација од Општина Куманово оствари работни средба во општина Банско и општина Дупница во соседна Бугарија. На средбите е разговарано за можностите за продлабочување на соработката  и  заедничкиот настап на повикот за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Во општина Банско делегацијата оствари средба заменик Градоначалникот Г-дин Ивајло Рхов и неговата администрација која работи на разработка на предлог проекти. На оваа успешна средба потпишан е “Договор за партнерство” за поднесување на предлог проект, каде како партнери се јавуваат “Фондацијата за култура и спорт” при општина Куманово, водечки партнер и  “Народно Читалиште  Димитар Благоев 1925” Добриниште, Р. Бугарија, партнер бр.2 со наслов: “Cooperation in Visual Arts for promoting the region’s cultural identity “.

На средбата  договорено е и потпишување на втор “Договор за партнерство”   помеѓу Библиотека “Тане Георгиев” Куманово и  “Народно Читалиште  Никола Вапцаров” општина Банско.

Во општина Дупница, со домаќинот, заменик Градоначалник за европски проекти Г-дин Красимир Георгиев е постигната начелна согласност за заеднички настап на предлог инфраструктурен проект за адаптација и реконструкција на заштитен објект “Градска Куќа” (поренешен Хотел – Солун) во општина Куманово.  Договорено е наредната средба да се одржи во општина Куманово, со цел потпишување на  “Договор за партнерство” и заеднички настап на општина Куманово и општина Дупница.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст