Проблеми во образованието на почеток од новата учебна година

Проблеми во образованието на почеток од новата учебна година


Во општина Куманово има 23 училишта во кој наставата оваа година ја започнаа 11.500 основци и 6.700 средношколци. Според Градоначалникот Зоран Дамјановски проблемите во образованието продолжуваат и оваа година. Само по основ на дотации, кои државата не ги уплатила минатата година,на општината и должи 500.000 евра. Иако цените на енергенсите раснатат, наменските дотации не се зголемуваат. Овој проблем , не е само во нашата општина , туку и во поголеми општини кои имаат повеќе образовани установи.Онаа што можевме да направиме како општина е приклучување на шест училишта на гас и ќе размислуваме за план Б за да не дојде до колапс на образованието со неподмирување на основните трошоци за транспорт и греење. Оваа учебна година најголем број ученици се запишаа во ОУ.„Браќа Миладиновци„ и средно техничко училиште „Наце Буѓони„.