Обука за јавни набавки


Директори на основни и средни училишта во градот, денеска присуствуваа на обука за јавни набавки. Обуката беше спроведена од трана на стручни лица од Општина Куманово. Целта на обуката е запознавање на директорите со најновите измени на законот за јавни набавки и улогата на советот за јавни набавки во тендерски постапки. По иницијатива на директорите, обуки од ваков тип ќе се одржат уште неколку оваа година.