Обука за пристап на микропретпријатија до јавните набавки


Денеска во организација на Центар за граѓански комуникации и УСАИД се одржа обука за пристап на микропретпријатија до јавни набавки. На обукаата присуствуваа претставници од Општина Куманово, од одделение за јавни набавки. Станува збор за тригодишен проект, подржан од Биро за јавни набавки, кој се спроведува во 36 општини, меѓу кој е и Општина Куманово. Целта на проектот е да го олесни пристапот на малите и на микропретпријатијата до пазарот на јавни набавки,придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации. Од друга страна,на договорните органи проектот треба да им овозможи постигнување пониски цени и повисок квалитет на јавните набавки. Овие цели ќе се остваруваат преку: зголемувањена свесноста кај малите и кај микропретпријатијата за можностите што ги нуди пазарот на јавни набавки,снабдување на малите и на микропретпријатија со знаење, алатки, способности и капацитети за тендерски постапки и помош на договорните органи за намалување на административните пречки што го оневозможуваат влезот на микропретпријатијата во јавните набавки.