Од 10 – 27 Септември уписи во КУД „Панче Пешев„


КУД “Панче Пешев“ од Куманово ќе започне со редовните годишни УПИСИ.

Уписите се од 10-ти до 27-ми Септември 2014 год. а се вршат во просториите на друштвото на ул. Кирил и Методиј бб ( гимназиски двор) секој работен ден од 18 до 20 часот, на е-маил адреси: [email protected] и [email protected] или на фб профилот на друштвото.

Аудицијата ќе се одржи на 27-ми Септември (сабота) со почеток во 11 часот.

Информации околу уписите може да се добијат и на тел 078/258-032.

 

Друштвото врши уписи за:

–          Фолклорна – играорна секција

–          Народен оркестар – хармониkа, кларинет, виолина, флејта, саксофон

–          Изворен оркестар – гајда, кавал, тамбура, гусла, зурла, тапан

–          Вокални солисти