“Социјално претпријатие – “Инклузија преку работа”


Проектот “Социјално претпријатие – “Инклузија преку работа”  е поддржан од УНДП, а го имплементира ЗРЦЛИП  Порака-Наша во партнерство со Здружение на граѓани МАТА од Скопје, општина Куманово и приватна компанија “Јуниор “ДООЕЛ Куманово. Период на времетраење на проектот е  6 месеци од  17 септември 2013 до 17 март 2014 год.Главна цел на проектот:  Дизајниран е со цел да им даде можност на младите луѓе (со или без попреченост) како движечка сила за поактивно учество во развој на заедницата, а преку користење на нивниот креативен потенцијал и градење на вештини и капацитети во неколку нови области на техологијата (занает и дизајн).

Специфични цели на проектот:Креирање на нови капацитети и обезбедување на одржливост на Порака-Наша преку трансфер на нови знаења и вештини.Развивање и воспоставување на  одржлив начин за сеопфатна социјална инклузија на млади лица со попреченост.Очекувани резултати: 8 млади социјални претприемачи со подобрени  бизнис и персонални компетенции; 3 нови социјални “продукти” развиени –тренинг модули  како продукти.8 млади луѓе со попреченост со подобрени можности за вработување,развиени нови колекции од  дизајнирани производи.

КАТАЛОГ НА ПРОИЗВОДИ

Со купување на ракотворбите изработени од овие лица  од дневниот центар „Порака Наша„ допринесуваме за нивно усовршување, социјализација и опремување на самиот центарот.