Одбележан Денот на Европа


Денес во Куманово беше одбележан 9 Мај – Ден на Европа. Во организација на општинскиот сектор за Меѓународна соработка и ЕУ Инфо Точка , на градскиот плоштад беше организиран хепенинг. На настанот присуствуваа и амбасадорите на Шпанија и Австрија, а за културно уметничката програма се погрижија учениците од училиштата, како и децата и градинката „Ангел Шајче„. Музичкиот хепенинг го отвори градоначалникот Зоран Дамјановски кој истакна дека Куманово по десетти пат е домаќин на ваква манифестација кога Европа го прославува својот ден и 52 години од европското обединување. На градскиот плоштад имаше поставено и штандови по повод денешната прослава, на кои граѓаните можеа да ги разгледаат промотивните материјали за волонтирање на младите во државите од Европска Унија, како и образовни програми кои се нудат во тие држави.