Одбележан Трети декември – Светски ден на хендикепираните


Со театарска претстава беше одбележан Трети декември – Светски ден на хендикепираните во Куманово. Во претстава учествуваа членовите на Здружението ”Порака Наша” и дневниот центар на лица со попреченост до 18 години. Претставата покрај прославата на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, се одржа и во рамките на  завршницата на шестмесечниот проект на УНДП и Општина Куманово за неоформално образование и социјална инклузија на хендикепираните лица.На  претстава присуствуваше Градоначалникот Зоран Дамјановски  и  Луиза Винтон, висок претставник на УНДП во Република Македонија.