Одбележани 72 години од Битката во Пелинце


Денеска во село Пелинце беа одбележани 72 години од Пелонската битка. На 13-ти Јануари 1944 во оваа битка загинаа хероита Ангел Шајче и Трифун Ангеловски Летеќи. Пред споменикот на паднатите борци свежо цвеќе положија Градоначалникот Зоран Дамјановски, борците, советниците и општинската администрација.За значењето и споменот од оваа битка зборуваше борецот Спирко Зафировски  и  Благе Јакимовски секретар на Сојуз на борци во Куманово.