ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 11ти Октомври - Ден на народното востание на македонскиот народ “СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА ОО СБМ - КУМАНОВО“

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 11ти Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ “СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА ОО СБМ – КУМАНОВО“


Денеска во пресрет на големиот државен празник 11 Октомври Ден на народното востание ОО на Сојузот на Борците на Макеоднија – Куманово одржа Свечена Седница на која присуствуваше и Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски , како и Претседателот на советот на општина Куманово Максим Димитриевски. Во своето пригодно обраќање Градоначалникот Дамјановски го истакна значењето на овој голем празник за македонскиот народ како и големиот придонес што Сојузот на борците од Куманово го дава во зачувување и негување на овие празници од времето на Народно Ослободителната Борба на македонскиот народ.

Свечената седница на ОО СБМ – Куманово е дел од програмата за одбележување на “11ТИ Октомври – Ден на народното востание во реализација на Секторот за култура и спорт на Општина Куманово.