Одржана 65-та седница на Советот на општина Куманово

Одржана 65-та седница на Советот на општина Куманово


На 65 седницата на Општина Куманово што се одржа на петти април 2012 година, на дневен ред беа следниве точки.

  1. Извештај за работа на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2011 година;
  2. Финансиски извештај на приходи и расходи за 2011 година на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;
  3. Годишен Извештај за 2011 година на Фондацијата за културa и спорт ‘‘Куманово‘‘- Куманово;
  4. Годишна Програма за 2012 година на Фондацијата за култура и спорт ‘‘Куманово‘‘- Куманово;
  5. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на четвртото тромесечие од 2011 година;
  6. Информација за состојбите со децентрализацијата на ЈУ-ОУД ‘‘Професор Мијалковиќ‘‘ – Куманово;
  7. Буџетски календар;
  8. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. ‘‘Трета МУБ‘‘, дел од Урбан блок 48, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Перо Шварц‘‘, ул. ‘‘Драган Стопаревиќ‘‘, ул. ‘‘Ангел Дуцо‘‘ и пешачка улица – Општина Куманово;
  9. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. ‘‘Стари Лозја‘‘, дел од Урбан блок 11, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Доне Божинов‘‘, ул. ‘‘100‘‘, ул. ‘‘200‘‘, граница на наменска зона и крак на ул. ‘‘Доне Божинов‘‘ – Општина Куманово;
  10. Предлог – Одлука за разрешување и избор на член на Комисијата за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово