Одржана конференција за меѓурелигиски договор во Струга

Одржана конференција за меѓурелигиски договор во Струга


На 13.04.2011 година, претставници од Општина Куманово учествуваа на Конференцијата за меѓурелигиски дијалог, кој беше организирана од Центарот за меѓукултурен дијалог во хотел Дрим, Струга.

Целта на конференција беше да ја доближи темата на религијата и меѓу-религискиот дијалог преку еден образовен и експертски пристап, создавајќи простор за дискутирање на предизвиците, како и споделување на позитивните примери од кои што ќе се извлечат заклучоци кои би требало да помогнат во градењето на мултикултурни општества, со одржливи меѓукултурни врски.

Во агендата беа вклучени излагања од:

  • Др. Љубомир Цуцуловски, професор на Филозовскиот факултет во Скопје,
  • Г-ѓа Зојка Наскова, Национален стручен директор на УНЕСКО и
  • Г-дин Наим Мемети, претставник на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

На Конференцијата учествуваа и претставници од Општина Струга, граѓанскиот сектор, млади активисти и 30 претставници од различни држави во светот. Учесниците имаа можност преку дискусија да споделат различни концепти за меѓу-религиски дијалог и да ги спознаат реалностите за истиот во различни земји.