Одржана презентација на проектот за санација и реставрација на спомен-обележјата „Менкова Колиба” и „Студена Вода”

Одржана презентација на проектот за санација и реставрација на спомен-обележјата „Менкова Колиба” и „Студена Вода”



По повод Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа – 9 мај, Општината Куманово и Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово го презентираа Проектот за санација и реставрација на спомен-обележјата „Менкова колиба” и „Студена Вода”. Проектот е изготвен во рамките на Програмата за работа на Фондацијата за 2011 година и претставува основа за имплементација на овие две значајни спомен-обележја во нашата Општина токму во годината кога се одбележува 70-годишнината од НОВ.

Презентацијата ја прикажа фактичката состојба на двете спомен-обележја и потребни мерки кои треба да се преземат за нивна санација и реставрација. За изработка на проектот се вклучија стручни лица, меѓу кои претставници од Музејот во Куманово и Секторот за урбанизам и комунални дејности и заштита на животната средина и природата при Општина Куманово. Во наредната фаза на проектот следуваат изведбените постапки на терен.

На презентацијата беа присутни претставници од локалната власт, од невладиниот сектор, меѓу кои Сојузот на борците од НОВ, Асоцијацијата на невладините организации, како и претставници од одделни институции во Општината.

Во своето обраќање, Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски се заблагодари на сите учесници кои дадоа свој придонес во проектот и истакна дека локалната самопуправа целосно ги поддржува проектите кои се однесуваат за зачувување на спомен-обележјата од нашата историја, како и дека, врз основа на овој Проект, Општината од месецот јуни 2011 година ќе пристапи кон изведбениот дел за санација и реставрација на овие две спомен-обележја.

Целата презентација можете да ја видите ТУКА!