Одржана презентација на тема ''Кластери како фактор за унапредување на конкурентност''

Одржана презентација на тема ''Кластери како фактор за унапредување на конкурентност''


Одделението за локален економски развој – Општина Куманово на 06.05.2011год. оддржа презентација на тема “Кластерите како фактор за унапредување на конкурентноста”, како воведен дел од планираниот проект “Формирање на кластер во чевларската индустија” вклучен во Програмата за локален економски развој на Општина Куманово за 2011 година.

Во услови на глобализација и засилена либерализација на трговијата владите ширум светот се во потрага по мерки и инструменти од економската политика кои ќе им помогнат на нивните стопански субјекти како директни двигатели на конкуренската способност да се соочат со предизвиците во услови на пазарна несигурност и силен конкуренстки притисок. Токму кластерите кои претставуваат секторска и географска концентрација на фирми и поддржувачки институции може значително да ги подобри извозните перформанси и конкурентските позиции на стопанските субјекти преку подобрување на продуктивноста, подобрување на иновативниот капацитет и преку стимулирањето на формирање на нови бизниси. Особено за малите и средни претпријатија кои во услови на пазарна несигурност честопати се соочуваат со проблеми при пазарната реализација, кластерското вмрежување може значително да им помогне во зајакнувањето на нивните конкурентски позиции. За успешно кластерско организирање многу важна е синергијата помеѓу приватниот и јавниот сектор базирана на квалитетна соработка и силна доверба. Токму географската концентрација на фирми од исти, сродни или комплементарни дејности заедно со поддржувачките институции може да биде значаен мотор за локален економски развој и на Општина Куманово. Успехот на идното кластерско вмрежување секако ќе зависи од иницијативата и спремноста на приватниот сектор, при што властите на локално ниво ќе ја имаат улогата на катализатор.

ЦЕЛАТА П