Општина Куманово доби сертификат  за „Општина без дискриминација„

Општина Куманово доби сертификат за „Општина без дискриминација„


Општините Куманово,Струга, Охрид, Теарце, Дебар, Битола и Струмица добија сертификати за „Општина без дискриминација„ Признанието го прими секретарот на Општината, Валентина Алексовска.Овој сертификат општината го доби како резултат за несебично залагање во промоцијата и спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.За таа цел од страна на невладиниот сектор беа спроведени обуки за општинските советници, за вработените во локалните институции, за граѓанските организации, полицијата, медиумите, како и образовните и здравствените институции. Овој проект е поддржан со средства од Европската унија, а реализиран со помош на Британскиот совет во Македонија и граѓанскиот сектор.