Општина Куманово доби согласност за програмата за енергетска ефикасност

Општина Куманово доби согласност за програмата за енергетска ефикасност


Лазар Гечевски, Директорот на Агенцијата за енергетика  на градоначалникот на Зоран Дамјановски му врачи согласност-мислење за програмата за енергетска ефиканост. Оваа стратегија се одвива во рамки на Законот за енергетика од 2011 година, а со неа сите општини се обврзани да оформат програма за енергетска ефиканост. Откако истата ќе биде усвоена од страна на Советот на општината, предвидено е да се спроведе едногодишен план, кој повторно ќе го разгледа Агенцијата за енергетика. Куманово е единствен град во државата, кој го користи гасот како најефикасен, најеколошки и најекономски исплатлив енергенс.