Општина Куманово во посета на Горњи Милановац и Бања Лука


Градоначалникот Зоран Дамјановски беше во посета на збратимениот град Горњи Милановац, по повод Ден на град и одбележување на двесте години од востанието во Таково. Присуствуваше на бројни културни и забавни манифестации организирани по тој повод како и на главната празнична свеченост на градскиот плоштад. Оствари средба со Претседателот на Општина Горњи Милановац, Милислав Мирковиќ како и неформални средби со голем број на градоначалници од регионот кој присуствуваа на настанот.

Делегација од Општина Куманово,предводена од Секретарот Валентина Алексовска, беше во посета на градот Бања Лука,Република Српска. Посета е по повод седумдесет години од победата на фашизмот и воедно одбележување на Ден на градот.Со бројни активности беа одбележани овие празнични денови. Уметнички изложби, свечен прием кај Градоначалникот Слободан Гавриловиќ,полагање цвеќе на споменикот на пднатите борци од НОБ, многубројни културни и спортски натпревари,посета на историски знаменитости,како и сечење на роденденска торта пред зградата на општината.