Осумнаесетта седница на Советот на Општина Куманово


Седницата ќе се одржи на 13 февруари 2014 година (четврток), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот.

Дневен ред 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2013 година;
  2. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2013 година;
  3. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2014 година;
  4. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2013 година;
  5. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2014 година;
  6. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на четвртото тромесечие од 2013 година;
  7. Годишен извештај за превземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово за 2013 година;
  8. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2013 година;
  9. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2014 година;
  10. Програма за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘  – Куманово за 2014 година;
  11. Програма за јавно осветлување на Општина Куманово за 2014 година;
  12. Програма за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2014 година;
  13. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот на услуги на Јавното претпријатие ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово;
  14. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот на услуги на Јавното претпријатие ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово;
  15. Предлог – Програма за културата во Општина Куманово за периодот 2014 – 2017 година;
  16. Предлог – Оперативна програма на културни манифестации во Општина Куманово за прво полугодие во 2014 година;
  17. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2014 година;
  18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која предвидената сообраќајна инфраструктура пристапна патека-сообраќајница во ДУП за УЕ „Б.С.Гојчо“ УБ 45 нема да се реализира;
  19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП СК семејни куќи во Б1 мали комерцијални дејности, за дел од УЕ „Гоце Делчев“ дел од УБ 27 за КП 24797 – Општина Куманово;
  20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура на пристапната улица „Бошко Буха“ во ДУП за УЕ „Бајрам Шабани“ УБ 56 – Општина Куманово;
  21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за КП 19967 м.в. Пуковско – Општина Куманово;
  22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за КП 12385/4 м.в. Банево Трло – Општина Куманово;
  23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за КП 12303 м.в. Банево Трло – Општина Куманово;
  24. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за КП 12275 м.в. Банево Трло – Општина Куманово;
  25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за КП 20058/1  м.в. Пуковско – Општина Куманово;
  26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за КП 1221/1 м.в. Банево Трло – Општина Куманово;
  27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација  за КП 2914/1  м.в. Горно Коњаре КО Горно Коњаре – Општина Куманово;
  28. Програма за работа на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово за 2014 година;
  29. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2014 – та година;
  30. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2014 – та година.