Отворен центар за ран детски развој во О.У. „Христијан Карпош„ – населба Иго Тричковиќ


Денеска во Основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата Иго Тричковиќ, беше пуштен во употреба Центарот за ран детски развој „Сонце„ , реализиран од страна на УНИЦЕФ,Општина Куманово и Македонски Телеком  како ко-донатор. На отворањето присуствуваа министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, заменик шефот на Канцеларијата на УНИЦЕФ г-ѓа Ража Мсефер Берада, Градоначалникот Зоран Дамјановски, Секретарот на Општината Валентина Алексовска, директорката на ЈОУГД „Ангел Шајче„ Марина Алексовска, директорката на О.У. „Христијан Карпош„ Лидија Костиќ, представник од Фондацијата на Македонски Телеком и останати представници на УНИЦЕФ и кабинетот на Градоначалникот.

DSC_0006 DSC_0016 DSC_0024 DSC_0037 DSC_0041 DSC_0054 DSC_0063 DSC_0066 DSC_0073 DSC_0077