ОУ "Кочо Рацин" во с. Орашац со ново спортско игралиште

ОУ "Кочо Рацин" во с. Орашац со ново спортско игралиште


Новото спортско игралиште во подрачното училиште “Кочо Рацин” во с. Орашац денеска свечено беше пуштено во употреба од страна на Градоначалникот Зоран Дамјановски и директорот на училиштето Драгиша Цветковиќ. Целосната инвестиција во ова спортско игралиште изнесува 1,200,000 денари обезбедени од страна на Општина Куманово. Игралиштето е наменето за фудбал, кошарка и други спортски активности. Градоначалникот заедно со директорот на училиштето најавија понатамошно модернизирање и доградба на игралиштето, со поставување заштитна ограда, осветлување и додатни спортски реквизити за збогатување на спортските активности изведувани од страна на учениците. Иако бројот на ученици во оваа училиште е намален во однос на претходните години, тамошните наставници и ученици со голема благодарност го поздравуваат овој проект, кој ги симболзира напорите и интересите на општината за модернизирање и интегрирање на селските средини.