Сектор за поддршка на Градоначалникот и Советот на Општината, информирање,односи со јавноста и информатичка тенологија


Раководител: Сунај Мустафа

e-mail: [email protected]

Секторот за поддршка на Градоначалникот и Советот на Општината, односи со јавноста и информирање ја обединува, координира, контролира, следи и ја унапредува меѓусебната соработка на одделението з аподдршка на Градоначалникот, одделението за поддршка на советот, одделението за односи со јавноста и информирање и одделението за ИТ, кои се во негов состав.


Одделенија:

– Одделение за поддршка на Градоначалник

Одделението за поддршка на Градоначалникот ги врши работите што се однесуваат на: организирање прослави по повод празници, протокол,  меѓуопштинска соработка, административна поддршка, писмена кореспонденција, контакти со месни заедници, телефонски контакти, документација и архива, архивирање на актите на Градоначалникот, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот

– Одделение за поддршка на Совет на Општина

Одделението за поддршка на советот на општината ги врши работите што се однесуваат на: подготвување на нормативните акти (одлуки и други општи и поединечни акти) од надлежност на советот и градоначалникот, составување, подготовка за објавување и објавување на актите од Советот и Градоначалникот,  дава мислење на прописи од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања, врши стручни   и организациски работи за седниците на советот на Општината, неговите тела и градоначалникот,  врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за информирање и односи со јавноста

Одделението за информирање и односи, ги врши работите што се однесуваат на: информирање на граѓаните за работата на органите на Општината, функциите и надлежностите на Општината и јавните служби основани од Општината, дава потребни информации на граѓаните за остварување на нивните права пред органите и службите на Општината, пред подрачните државни органи и служби, организира и подготвува маркетинг-план за содржините од својата надлежност, остварува контакти со невладините организации и здруженија на граѓаните, организира саеми, манифестации и промоции, изготвува информации, белешки и соопштенија што се во надлежност на Општината, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за информатичка технологија

Оддеелението за информатичка технологија врши работи мрежно поврзување на сектори и одделенија, одржувањена постоечќата информатичка структура и компјутерски системи, администрирање и ажурирање на веб страната на општината и импламентација и употреба на нови информатички модули, администрирање на софтверот и грижа за одржување и развој на информатичката технологија за потребите на општината, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.