Подршка на Теа Стоилковска од локалната самоуправа

Подршка на Теа Стоилковска од локалната самоуправа


На дваесет и први јуни осмооделенката од ОУ. „Браќа Миладиновци „ Теа Стоилковска ќе учествува на јуниорската математичка олимпијада во Турција. Како претставник на град Куманово, сите нејзини  досегачни активности беа подржани од локалната самоуправа. Денеска  овој млад талент имаше прием кај Секретарот на Општината Валентина Алексовска.

-На Теа и посакувам многу среќа и да ни се врати со голем успех, со што уште еднаш ќе се покаже дека Куманово претставува извор на таленти, што општината ја претставуваат и во светски рамки. – порача Алексовска.