Посета на Горњи Милановац и Бања Лука

Посета на Горњи Милановац и Бања Лука


Претставници на локалната самоуправа беа во посета на општините Горњи Милановац и Бања Лука, кои се збратимени градови на општина Kуманово. Првиот град што го посетија беше Бања Лука, втор по големина град во Босна и Херцеговина , со околу 250000 жители. Овој град уште се вика град на зеленило, поради големиот број на паркови и алеи што ги има. Градот по поповод својот празникот се претстави со богата културно уметничка програма, како и организирана посета на споменици кои се од историско значење за државата. Пресуствувале на панел дискуси за енергетски денови.Втор град што претставниците на локалната самоуправа го посети беше Горњи Милановац. Посетата се должеше на прославата по повод ден на градот и 197 години од второто Српско востание.Од домаќините биле пријатно пречекани, а оствариле и средба со градоначалникот Мирослав Миљковиќ и претседателот на Советот на општината господинот Михајло Вучетиќ. Посета имало и на историски споменици и знаменитости, а венец положиле на споменикот на паднатите борци од народно ослободителната војна. Инаку Горњи Милановац е еден од најмладите градови во Србија. Овој шумадиски крај е богат со туристички места. Посебно се истакнува местото Таково кое е спомен – обележје за кревање на второто српско востание.