ПОСЕТА НА ОПШТИНА КУМАНОВО НА ОПШТИНА ЈАГОДИНА

ПОСЕТА НА ОПШТИНА КУМАНОВО НА ОПШТИНА ЈАГОДИНА


Делегација од Општина Куманово, предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски беше во дводневна посета на општина Јагодина. По повод славата Раѓањето на Свети „Јован Крстител„, се одржаа повеќе активности. Градоначалникот Зоран Дамјановски имаше чест да го отвори меѓународниот  кик – бокс турнирот  на кои присуствуваше и премиерот на Србија Ивица Дачиќ. По приемот во општината од страна на  претседателот на советот – Драган Марковиќ – Палма, двете делегации го посетија Музејот на восочни фигури, „Аква Парк„ Зоолошката гардина „Тигар„ и градскиот стадион.