Посета на Општина Куманово на Општина Кампина (Романија)


Од 05.09.2014 до 10.09.2014 во Општина Кампина (Романија) ќе се одржи состанок на збратимени градови Куманово, Лодз(Полска), и Општина Резекне (Латвија). Во посета на Кампина ќе бидат  претставници на општинска администрација, јавни претпријатија, училишта, советници во Советот на Општина Куманово, КУД „Панче Пешев„пензионери и невладини организации.

Секторот за Евроинтеграции од Општина Куманово го има добиено и учествува во  проектот „ Активно учество на граѓаните во Европста Унија„  кој е основан од страна на Европската Унија во рамките на Програмата „Европа за Граѓани„. Целтта на проектот е да се олесни интеракцијата меѓу граѓаните на четирите европски земји и запознавање со серија програми организирани во контекст на збратимувањето помеѓу општините.Со оваа средба ќе се создаде средина погодна за искуство, знаење и културата меѓу учесниците, а со тоа и зајакнување на кохезијата на Европската унија.

За време на престојот е предвидено промовирање на активно граѓанство, што значи дека претставници од сите градови ќе бидат вклучени  во програмските активности специјално изработени за таа цел. Ќе се одржат дебати на одредени теми во врска со политиките на Европската Унија и правата на граѓаните во ЕУ. Од страна на учесниците ќе бидат посетени знаменитостите на Кампина, ќе бидат организирана богата културно – уметничка програма, како и традиционален ромаски ручек.