Посета на заменик министер за транспорт и врски на Општина Куманово


Денеска Градоначалникот Зоран Дамјановски оствари средба во својот кабинет со заменик министер за транспорт и врски Неметула Халими, со кој разговараа за последните поплави во населбата Бавчи. По средбата заедно се упатија на терен за да ја согледаат ситуацијата по поплавите кај стадионот Башкими и Стариот Градски парк.