Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на Општина Гњилане на инаугурација на етнографскиот музеј

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска беше во посета на Општина Гњилане  на покана на Градоначалникот на Гњилане Лутфи Хазири, заедно со Амбасадорот на ЕУ во Косово Томаш Суњог, на инаугурација на етнографскиот музеј во рамките на проектот „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“.
Проектот е дел од IPA II2014 и 2015 програмата, имплементиран во партнерство помеѓу Општина Гњилане и Општина Куманово и финансиран преку програмата за прекугранична соработка.

Во општина Куманово проектот предвидува партерното уредување на меморијален центар Костурница во Куманово, со кој во проектот се предвидени 3 фудбалски игралишта со вештачка трева , терен за тенис и кошарка, заедно со детско катче, трим патека помеѓу игралиштата и шумата , трим патеката ке се направи на веќе постоечка патека , помеѓу патеките ќе се стават фитнес справи за вежбање, клупи, канти за отпадоци и канделабри.
По завршување на уредувањето планирано е организирање на прекугранични фестивали и спортски турнири на кои младите ќе имаат можност заедно да се натпреваруваат, да се дружат и да се забавуваат.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст