ПОСЕТЕНИ СЕЛАТА ЗАФАТЕНИ ОД ПОПЛАВИТЕ – Кризниот Штаб ќе ги проценува штетите настанати од поплавите

ПОСЕТЕНИ СЕЛАТА ЗАФАТЕНИ ОД ПОПЛАВИТЕ – Кризниот Штаб ќе ги проценува штетите настанати од поплавите


Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски ги посети најтешко погодените села од поплавите кои го зафатија кумановскиот регион во текот на викендов. На лице место, заедно со дел од кабинетот, беа увидени штетите настанати од оваа природна непогода а во исто време беа дадени задолженија на Кризниот Штаб да се изврши проценка за настанатите штети

и да се излезе со информација по која Советот ке може да донесе одлука за определувањње на средства од буџетот на општината за да може да ссе помогне на најтешко загрозените семејства. Оваа година во програмата на Владата за чистење на каналите и речните корита во должина од 250 километри, во Куманово не се исчисти ни еден метар. Одговорноста за поплавите е во Дирекцијата за води и водостопанското претпријатие Кумановско-липковско поле. Затоа сакам да ја известам кумановската јавност, дека локалната самоуправа без разлика што нема надлежност во регулација на речното корито, денеска ќе ги посетиме поплавените места и ќе направиме увид на лице место и според можностите на буџетот ќе интервенире во санација на штетите и помош на населението. Најголеми штети претрпеа домаќинставата од селата Довезенце, Клечовце и Јачинце.