Потпишан договор за соработка за собирање и селекција на отпад


Денеска беше потпишан договор за соработка помеѓу Општина Куманово, ЈП ‘‘Чистота и Зеленило‘‘ и непрофитната компанија за управување со пакување и отпад од пакување ‘‘ПАКОМАК‘‘. Основата на договорот е минимизирање на негативното влијание на отпадот врз животната средина.

DSC_0466 DSC_0469 DSC_0470 DSC_0493 DSC_0496

Воедно беше одржана и презентација на проектот “3Д Екобус“ во ООУ “Крсте Мисирков“, со цел едукација на учениците за заштитата на животната средина преку селекција на отпадот на пластика, хартија и стакло.