Потпишан меморандум за соработка со Општина Марибор


Тргнувајќи од заеднички интереси и потврдувајќи ја вербата во принципите на пријателство, демократија, слобода, мирот и основните слободи и права на човекот и граѓанинот, а со цел воспоставување на меѓусебни стопански, културни и општествени односи, Општина Куманово и Општина Марибор денеска потпишаа меморандум за соработка и воспоставување на пријателски односи.